„Нова Македонија“ првиот дневен весник во Македонија го прослави 77. роденден

Првиот број на „весникот „Нова Македонија“ излегол на 29 октомври 1944 година во Горно Врановци каде што денес се наоѓа првата печатница, претворена во музеј, а за негов прв главен уредник е назначен Васил Ивановски.

Весникот кој сè на сè имал точно 8 страници излегол во мал тираж, бил дистрибуиран до бригади, штабови и многу здруженија и претставувал прв официјален документ испечатен на кодифициран македонски јазик.

“Нова Македонија„ била и се уште е расадник на успешни млади новинари кои новинарскиот занает го учат од врвни имиња, доајени во новинарството.

Редакцијата на Македонски весник “Илинден“ на своите колеги им посакува долги години успешно опстојување на медиумската сцена.

Нека се множат години и тиражи!