Нови 12 префекти во Албанија

Премиерот Еди Рама ги означи новите 12 префекти, колку што префектури има во државата. Она што посебно паѓа во очи е тоа што сите нови префекти се поранешни армиски старешини. За првпат има и префект жена. Тоа е Сузана Јанолари, инаку прва жена поручник. Таа ќе раководи со префектурата Тирана. За разлика од градоначалниците кои се избираат на непосредни избори префектите ги именува Владата. Рама смените ги оцени како неопходни за спроведување на реформите.