Обединетата македонска дијаспора формира претставништво во Лондон

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) формира претставништво во Лондон, а Илија Влчевски го именува за нов претставник во Обединетото Кралство. Од ОМД информираат дека посебен фокус на Влчевски ќе му бидат младите генерации Македонци во Обединетото Кралство. Влчевски е втора генерација македонски имигрант роден и пораснат во Лондон. Дипломирал на катедрата по бизнис и економија на Универзитетот во Хертфордшир со највисок просек.

Главната пасија на Влчевски е развивањето економски стратегии и изнаоѓањето нови можности на ова поле, пред се во однос на подобрувањето на животниот стандард во Македонија, на македонската дијаспора, но и пошироко на Балканот, посочуваат од ОМД.

Уверени се дека Влчевски ќе оствари одлични резултати во својата нова улога, меѓудругото и преку соработка со долгогодишниот партнер на ОМД, Асоцијацијата на Македонци во Обединетото Кралство (АМУК), како и со заедницата на македонски верници.

Advertisement