Обезбедени се 55 респираторни машини за Македонија

Вкупно 55 респираторни машини се обезбедени за потребите на здравството во Македонија за справување со ситуацијата на корона вирусот. Ова денеска го истакна вицепремиерот за европски прашања. Како што рече тој, 25 респиратори се обезбедени од Норвешка, кои моментално се во депо во Турција и се уште се наоѓа решение за транспорт во нашата земја. Исто така, Османи додаде дека обезбедени се дополнителни 30 респиратори од Кина, кои исто така чекаат на транспорт, со оглед дека преносот во овие моменти оди отежнато поради пандемијата.

Advertisement