Oбјавена книгата “Од Голо Брдо до Дебар Маало” од Милка Попова Чубриновска

Во издание на МАЗ-САЖ во Скопје е објавена книгата “Од Голо Брдо до Дебар Маало” од Милка Попова Чубриновска. Како што стои и во поднасловот – “Корените и животот на Поповци” – тоа е наративна историја на семејството на авторката. По потекло од Голо Брдо, областа Голо БрдоДебарско, регион населено со етнички Македонци што по 1912 година припаднал на Албанија, Поповци за време на балканските војни пребегнале во Дебар, а подоцна се населиле во Скопје и заедно со многу други слични семејства ја формирале познатата скопска населба Дебар Маало. Книгата се темели на личните сеќавања на Милка за животот во Дебар Маало пред и по Втората светска војна, како и на спомените на нејзината баба и нејзиниот татко за животот во Голо Брдо во турско време и за нивниот егзодус во 1913 година. Книгата е двојазично издание, на македонски и англиски јазик.

 

Advertisement