Од експлозија на мина во Летонија загина припадничка на албанската армија

Припадничка на албанска армија утрово го загуби животот во Летонија, како последица на здобиените повреди од експлозија на мина, додека двајца нејзини колеги се тешко повредени.

Од експлозијата тешко е повредена а потоа им подлегна на повредите каплар Зарифе Хасанај (27), а повредени се командантот на албанскиот контингент, мајор Клодиан Тануши и Јулиан Капај, наредник. Албанските војници се дел од групата за демонтирање на мини во Летонија, во рамки на мисијата на НАТО во оваа земја, началникот на Генералштабот на албанската армија Бардул Колчаку.

Според него, повредените Тануши и Капај, се под максимален лекарски надѕор во базата на НАТО во Летонија. Во ова мисија во Летонија албанските војници се две години.

Advertisement