ОМД го поздравува формирањето на новата влада во Македонија

 

Како организација, основана во 2004 година, која работи на промоција на Македонија и македонската дијаспора надвор од нашата татковина, Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ОМД ја поздравува мирната транзиција на власта што се случи денес во Македонија и им посакува на новата Влада многу успех во извршувањето на нивните должности.

Следејќи ја 13 годишната практика, ОМД ќе продолжи да соработува и да работи со секоја влада на власт со цел афирмација на Македонија како уникатен портал во Југоисточна Европа и регионален лидер по својата стабилна социо-економска политика. ОМД е сигурна дека стекнувањето на овој епитет е возможно и ќе се достигне само со напорна работа и реформи преку одговорно владеење на новата Македонска влада со исклучително владеење на правото и силна слободно пазарна економија. Исто така, ОМД ќе работи активно новата влада да го почитува суверенитетот, унитарниот карактер и територијалниот интегритет на македонската држава. ОМД верува дека улогата на опозицијата е подеднакво инструментална во одржување на владините институции одговорни и транспарентни за јавноста.

ОМД ќе продолжи да го застапува својот цврст став и поддршка на Македонија и нејзиното полно-правно членство во НАТО и во ЕУ, без промена на името, идентитетот, јазикот, и културата на Македонија. ОМД го потенцира и повторува својот долгогодишен став за повлекување на македонската влада од фарса преговорите предводени од ОН за нашето Уставно име кои се целосно спротивни на правото за сопствен идентитет и самоопределување.

Advertisement