ОН: Советот за безбедност ќе заседава за Преспанскиот договор

Обединетите Наци, преку Советот за безбедност на иницијатива на Руската Федерација, ќе заседава за Преспанскиот договор, кој ги крши начелата на меѓународното право.

Според информации од Руското министерство за надворешни работи се очекува во текот на претстојната недела иницијатива за одржување вондредна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации да покрене Руската Федерација но и Кина, како две од петте постојани земји членки со право на вето.

Воедно како брифираат дипломати од ОН, Русија нема да навлегува во елементот на ЕУ и НАТО интегративните процеси, напротив. Она што би било елемент за правно толкување согласно меѓународното праве е правото на самоопределување на една нација или народ, нешто за што на Генералното Собрание на ОН се повика и претседателот д-р Ѓорге Иванов.