Oпозиција во албанија повика на граѓанска непослушност

Лидерот опозициска Демокарска партија, Лулзим Баша на средбата со помалите опозициски партии денеска во Тирана повика на граѓанска непослушност.

,,Премиерот Еди Рама мора да сфати дека опозицијата ги подржува барањата на протестантите за укинување на патарината на автопатот што ја поврзува Албанија со Косово и бара ослободување на притворените,, рече Баша.

На средбата Баша истакна дека нема потреба да има такса за патарината и додаде дека неоходно е да започне граѓанска непослушност.Сепак дел на претставниците на политипките партии на опозицијата одбија да го прифатат ставот на Демократската партија во земјата да се повика населението на граѓанска непослушност.

Во Тирана и денеска продолжија протестите на жители од Кукс пред седиштето на главното седиште на полицијата кои бараат ослодување на лицата кои се притворени поради палење и уништување на кабините на патарината кај тунелите Калимаш во близина на Кукс. Судскиот процес против нив ќе се одржи утре во Кукс, соопшти претставник на јавното обвинителство.

 

Advertisement