Општина Булќиза ја подобрува каналската мрежа за наводнување во областа Голо Брдо (ФОТО)

Следната земјоделска сезона ќе биде многу полесна за жителите на селата Тучеп, Владимерица, Пасинки, Миреш, Тoрбач, Черенец, Голевиш и Вишишта, каналската мрежа за наводнување е од витално значење за Македонците во областа Голо Брдо. Општина Булќиза ќе изгради канал за наводнување од село Тучеп до село Черенц долг 19 километри.

“Се надеваме дека во рок од 1 година, овој канал со должина од околу 19 километри ќе им помогне на сите жители на овие села да го зголемат земјоделското производство” – истакна градоначалникот на Општина Булќиза Лефтер Ала.

Овј канал поминува во Административната единица Острени, област Голо Брдо. Административната единица Острени некогашната општина Големо Острени, која беше укината со Законот за територијална поделба.

Advertisement