
Општина Булќиза подели помош за Македонците во село Клење админстративна единици Требиште, областа Голо Брдо до секој дом ја донесоа вработени од Општина Булќиза со теренско возило поради лошата патна инфраструктура. Секое семејство беше информирано за бројот на телефон на кој за каква било потреба може да се јави. Административната единица Требиште, е некогашната општина Требиште, која беше укината со Законот за територијална поделба. Во распределбата на помошта беа вклучени вработените од админстративната единици Требиште областа Голо Брдо.
Македонско друштво “Илинден”-Тирана упати и офцијално барање до градоначалникот на општина Булќиза, каде територијално припаѓа поголемиот дел од областа Голо Брдо, при распределба на хуманитарна помош да бидат опфатени и Македонците од оваа област. Во исто време друштвото искажува благодарност до градоначалникот на општина Булќиза, Лефтер Ала за хуманитарна помош што денска стигна во село Клење, областа Голо Брдо.
https://www.facebook.com/2009107706056427/videos/2620114364874275/?epa=SEARCH_BOX
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden