Во распределбата на помошта беа вклучени вработените на Општина Булќиза и вработените на админстративната единици Острени, областа Голо Брдо. Општината Булќиза, каде територијално припаѓа и административната единица Острени, населена главно со Македонци, распредели помош за најзагрозените семејства која се состои од храна.
Општина Булќиза третрпат подели помош за Македонците во админстративната единици Острени до секој дом ја донесоа вработени од Општина Булќиза со теренско возило поради лошата патна инфраструктура. Секое семејство беше информирано за бројот на телефон на кој за каква било потреба може да се јави. Административната единица Острени, ое некогашната општина Острени, која беше укината со Законот за територијална поделба.
Македонско друштво “Илинден”-Тирана упати и офцијално барање до градоначалникот на општина Булќиза, каде територијално припаѓа поголемиот дел од областа Голо Брдо, при распределба на хуманитарна помош да бидат опфатени и Македонците од оваа област.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
