Општина Драгаш: Неколку села веќе трет ден во блокада заради снегот

Големите снежни врнежи кои што ја зафатија општина Драгаш, ги изолираа неколку села во Гора од општинскиот центар, а фирмата која го добила тендерот за одржување на локалните патишта, немала ниту капацитети ниту знаење адекватно да одговори на новонастанатата состојба. Според информациите до кои што дојде порталот кој што работи во тешки услови заради честото немање на струја, селата Злипоток, Радеша, Г и Д Крстаќ и Бачка, и понатраму с ево блокада. Доколку има уште некое село кое е во блокада, нека се јават во нашата редакција. Општината Драгаш е општина која се наоѓа на највисока надморска височина во Косово и нормално е снежните наноси да се најголеми во текот на зимата, кои се нормална појава за оваа средина.

Проблемите настануваат затоа што, перманентно од година во година, се повторуваат истите грешки, па се случува тендерот да се одобри на неодговорни фирми, кои што  и покрај лошите референци и неодговорните поединици во тие фирми, да го добијат тендерот иако фирмата нема соодветна маханизација за одржување на патиштата, Но затоа е важно да имаат врски и да имаат некого горе, и после се е полесно. Кого после го интересира што некои во Драгаш ќе бидат блокирани. Они имаат своја математика и секогаш поаѓаат од претпоставката, можеби нема да падне толку снег оваа година, а ние ќе ги добиеме парите. Наместо чистењето на снегот да ни биде на прво место во однос на другите општини, затоа што развојниот план го темелиме на зимскиот туризам, заради познатите причини, нам снегот ни е пробелм.

Поучени од искуството од претходните години, претставниците на Комитетот за заедниците, пред два месеца одржале вонреден состанок на кој што барале одговорните од „Дрини Компани“ и надлежниот Директорат од општината, барале од фирмата да им се реферира за подготвеноста за зимската сезона. Укажамо им е на грешките и пропустите што ги чинеле минатата година, и од страна на фирмата добиле ветувања и уверувања дека за оваа година обезбедиле опрема и дополнителни трактори за селата кои што се наоѓаат на повисока надморска височина.

Меѓутоа, како што може да се види, веќе трет ден сме во блокада. Велат, наврнало многу снег. Па господо, Вие се пријавивте на тендер дека чистите снег кога има и мали и големи врнежи. Да имате искрени намери и да сакате „на поштен начин“ да заработите, Вие би дежурале и преку ноќ, па патиштата би ги чистеле кога снегот е епомал, а не да чекате да напаѓа 50 см, па после почнувате да се правдате со вашите исти изговори: „ни се прекинаа синџирите, ни пукнаа цревата од кочниците“ и други изговори од кои не доста. Ќе тргнат кон некое село, ќе се вратат од половина пат и ќе кажат, готово е, очистено е. Ним им се верува. Кој ќе слуша што кажуваат граѓаните. Нив не ги интересира, дали некој треба да оди на дијализа, дали некој нема лекови, храна.

Доста ни е од сето ова. Општината нема право вака да се поигрува со своите граѓани. Народот им даде доверба на изборите, и од нив бара да им обезбедат нормални услови за живот. Да имаат прооден пат и комуникација до центарот. Да можат да купат храна, лекови, да имаат редовно снабдување со струја. Нажалост, со почетокот на зимата и првиот снег, ретко кога ги имаме овие услови. До кога ќе биде вака?  Ќе видиме. Нешто народот молчи./www.gorapress.net