Општина Драгаш областа Гора одвои 5.000 евра помош за настраданите во земјотресот во Албанија

Денес, на редовната седница на Општина Драгаш, областа Гора по предлог на советот, одвои 5.000 евра за да им помогне на настраданите од земјотресот во Драч и Тирана. Граѓаните на оваа општина собраа помош во Драгаш, Рестелица и Белоброд, а за многу кратко време беа испратени облека и ќебиња. Во областа Гора распослани се 9 села, населени со Македонци со муслиманска вероисповед познати под името Горанци, кои говорат македонски јазик.