Општина Драгаш: Врнежиите од снег предизвикаа дефекти во електричната мрежа

Снегот што падна за време на викендот на подрачјето на општина Драгаш областа гора создаде нови невољи за работниците на патиштата, но и за жителите на оваа општина. Прво силен дожд, а потоа и снег, кој се залепи за електричната мрежа, предизвика големи дефекти во општина Драгаш. Вчера во текот на денот готово целото подрачје на општина Драгаш беше без струја, а од попладневните часови дефектите делумно се одстранети и после 19 часот имаше струја во некои села, додека другите села беа во мрак до полноќ.

Истотака додека го пишуваме и овој извештај, дојде до прекин во снабдувањето со струја во некои села, заради краткиот спој на далноводот, како што не известија надлежните од косовската електродистрибуција Општинската служба за одржување на патиштата на време излегла на терен и како што ни изјави за нашиот портал, градоначалникот на општина Драгаш, Шабан Шабани, сите локални и регионални патни правци на подрачјето на општина Драгаш се продни.

„Нашите екипи се 24 часа непрекидно на терен, има населени места каде што е обавезна употребата на зимската опрема, но воглавном сите патишта се проодни. Како што ви е познато, снегот предизвика доста дефекти на електричната мрежа, во текот на целиот ден вчера до полноќ беа на терен со комплетна екипа, за да ги санираат штетите на прекинатите кабли на далноводот и да ги заменат бандерите кои што паднале, ни изјави градоначалникот Шабан Шабани.

Во областа Гора на Косово, во падините на Шар Планина распослани се 18 села населени со Македонци.

Advertisement