Општина Пустец со еколошка акција пред туристичката сезона

Фото: Општина Пустец

Општина Пустец реализира еколошка акција со цел чиста и здрава животна средина, како дополнителен услов за зголемување на бројот на туристите кои ја посетуваат областа Преспа.

Веќе стана традиција ние како локална власт во соработка со комуналното претпријатие,  да организираме акции за чистење на територијата на нашата преубава општина. Со тоа испраќаме порака за важноста на чистата околина, како за жителите така и за туристите кои се очекува да ја посетат областа Преспа во текот на туристичката сезона.

Работниците на Јавното претпријатие за комунални услуги при Општина Пустец се на терен и работат на чистење на јавните простори. Но, чистата средина е заедничка одговорност на сите нас. Заедно можеме да го одржиме Пустец чист и гостопримлив, стои во објавата на Општина Пустец.