Организацијата Обединети Македонци од Канада на 6 септември ќе го одбележи Денот на независноста на Македонија – 8 септември

Организацијата Обединети Македонци од Канада, утре на 6 септември ќе го одбележи Денот на независноста на Македонија – 8 септември во македонскиот Илинденски парк во градот Скугог.

Организацијата Обединети Македонци упатува јавна покана до Македонците од Торонто и околината на заедничка прослава на Денот на независноста на Македонија со почитување на мерките за заштита од корона вирусот.

Организацијата Обединети Македонци потсетува дека нема да се продава храна во паркот.