
Министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот Фејсбук профил посочи дека почнувајќи од 1-ви јануари, па во следните 12 месеци, Македонија ќе го преземе претседавањето со ОБСЕ.
„Дали знаевте дека ОБСЕ е најголемата безбедносна организација во светот со 57 држави кои претставуваат 1,3 милијарди луѓе на три континенти. Почнувајќи од 1 јануари, во следните 12 месеци, Македонија ќе го преземе претседавањето со оваа извонредна организација, а јас сум привилегиран да ја преземам улогата на претседавач со ОБСЕ со седиште во Виена“, пишува Османи.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden