Основан заеднички полициски центар на Црна Гора, Албанија и Косово

 

Црна Гора, Албанија и Косово основаа заеднички центар за полициска соработка, кој треба да ја унапреди размената на информации и да ја зголеми безбедност на заедничките граници за да се исполнат шенгенските стандарди, соопшти црногорското министерство за внатрешни работи. Протоколот за основање на центарот го потпишаа министрите за внатрешни работи на Црна Гора и Албанија, Мевлудин Нухоџиќ и Дритан Демирај, и заменикот министер за внатрешни работи на Косово, Валдет Хоџа.

Овој центар треба да придоне за унапредување на прекуграничната соработка во доменот на борбата против криминалот со интензивна размена на оперативни информации и поефикасна координација на заенички активности долж границите. Нухоџиќ смета дека трилатералниот центар симболизира посветеност на борбата против трансграничен организиран криминал и заеднички придонес во јакнење на безбедноста на регионот.