Остварена средба за соработка помеѓу СТЕП и Стопанската комора за туризам на Македонија

На 10ти април, во просториите на Стопанската комора за туризам на Македонија, се оствари средба помеѓу преставници од СКТМ и преставници од СТЕП проектот. Во рамките на средбата се дисктуираше за начините на коишто СКТМ може да помогне во понатамошен раст и развој на СТЕП мрежата.

Исто така, на средбата беа дискутирани и предизвиците со коишто се соочуваат туристичките работници во Македонија, и како соработка со поголем интензитет на повеќе организации на државно ниво може да ги подобри условите на општата туристичка клима, како и можностите за интернационалната соработка со тур оператори и зајканување на соработката помеѓу регионите Елбасан и Полог. Наскоро  двете организации ќе потпишат писмо за официјализирање на соработката.