Откриена огромна свастика под земја во Германија

Огромен кукаст крст – свастика, стара повеќе од 70 години, беше пронајдена од градежни работници во германскиот град Хамбург.Кукестиот крст, симбол за време на владеењето на Адолф Хитлер, е со размери четири на четири метри и закопан околу половина метар под земја.

Свастиката беше пронајдена во текот на поправката на малиот стадион во градот, каде што требало да се градат пет нови соблекувални за локалните спортисти.Пет дена потоа, градежните работници добиле наредба да го уништат пронајдокот.

Advertisement