Палмер во Албанија: Бојкотот на изборите не е решение

Не сум во Албанија за да преговарам за решавање на политичката криза, изјави денеска американскиот заменик-помошник државен секретар Метју Палмер на средба со новинарите во Тирана. Тој ги охрабри сите албански политички партии да учествуваат на локалните избори што се предвидени за 30 јуни.

„Откажувањето од пратеничките мандати не е решение, туку треба да се најде начин да се учествува на изборите. Би било несреќа доколку опозицијата не учествува во овој демократски процес. Одговорност на опозицијата е да учествува на изборите во јуни, да ги сподели своите визии со подржувачите и силно да работи за да ги добие изборите“, порача Палмер.