Папата Франциск се молеше за мир во Македонија

 

Апел за мир во Република Македонија доаѓа и од Папата Франциск кој на плоштадот Свети.Петар во Ватикан ги повика собраните верници да се молат за мир на оние чии држави поминуваат низ тешки моменти. Исто така Франциск повика на пронаоѓање „мирни решенија“ за решавање на сите насилства за доброто на граѓаните.

Ајде да и ги довериме на Блажената Дева Марија намерите за мир, доверба и демократија во нашата драга Венецуела. Да се помолиме заедно за сите земји кои поминуваат низ тежок период овие денови, овде особено мислам на Република Македонија, изјави Папата./религија.мк

 

Advertisement