
Партијата „Единствена горанска партија“ како најголем политички субјект што ја претставува Македонско – Горанска заедница во Косово, го поддржува ефикасното функционирање на институциите и, со јасна политичка ориентација, не го гледа неговото функционирање како декор на плуралистичкиот систем на Косово. Напротив, решени сме дека нашата улога треба да биде целосно функционална, квалитативна, а не само како присуство за формално исполнување на политичкиот систем. Во тој поглед, ние како претставници на Македонско – Горанска заедница во Косово, бараме да бидеме претставени со соодветна институционална легитимност во рамките на извршната власт.
Македонско – Горанска заедница во Косово, како еден од домородните народи на Косово, во минатото беше подложена на напори за асимилација од различни политички идеолози на Балканот. Исто така, долго време ни беше оневозможено и самото наше постоење и како заедница и како посебна етничка припадност. Злоупотребите во овој поглед сеуште опстојуваат, особено искористувајќи ја неповолната економска состојба на жителите, кои и покрај нивните тешкотии и целосниот недостаток на економска перспектива, инсистираат да живеат во родниот крај.
За жал, напорите за отуѓување на идентитетот на Македонско – Горанска заедница во Косово, продолжуваат со уште поголем капацитет, особено кога станува збор за нашата бројна и распостранета дијаспора, вклучувајќи ги и припадниците на нашата дијаспора во Италија и Швајцарија, земји во кои се најмногу концентиррани. Јас овде нема да ги споменувам статистичките аспекти, но верувам дека знаете дека денес има повеќе во дијаспората отколку во самата Гора.
Со досегашниот, скоро непостоечки пристап на релевантните институции досега, можеме да кажеме дека постоењето на голема горанска дијаспора воопшто не е земено во предвид. Со тоа е направена значителна штета кога станува збор за идентитетот, но и самата политичка и економска врска што горанската дијаспора ја има со Косово. Ние сме во многу тешка позиција. Од една страна, загрозени се инвестициите и приходите од нашата дијаспора, а од друга страна, инфраструктурата и економските услови во населените места каде што живеат горанците, ја гаснат надежта на младите да го продлжат животот во Гора. Недостатокот на инфраструктурата и недостатокот на економијата имаат последици и ги прават горанските населби „непривлечни“ за туристите, така што целото големо природно богатство што го поседува овој регион оди на штета на Македонците во Гора.
Врз основа на горенаведените објаснувања кои се однесуваат за нашата дијаспора, овозможувајќи ни да дадеме свој придонес, сметаме дека нашата улога во институциите е клучна. Ние досега веќе многу доцниме, но ако напорите во овој поглед и понатаму се одолговлекуваат, ќе изгубиме многу шанси за подобрување на животот на нашата заедница во Косово, како и за нашата дијаспора, а другите би можеле дополнително да ја зголемат својата „офанзија“ за отуѓување на идентитетот на Македонско – Горанска заедница во Косово. – стои во сопштението потпишано од Адем Хоџа, Пратеник во Собранието на Косово и Преседател на Партијата „Единствена горанска партија“.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden