Според „Виножито“ не е важна бројката на освоените гласови туку со учеството да покажат на европската јавност дека македонското малцинство постои. Како споредба го даваат грчкото малцинство во Турција кое брои само 1.500, но Грција инсистира да се почитуваат нивните права. Ако 1.500 Грци во Турција се малцинство, што се тогаш 6.000 Македонци во Грција-прашуваат во „Виножито.

Затоа, велат од „Виножито“ гласот на Македонците од Грција во Европскиот парламент треба да се слуша преку Европската EFA во која се членови. За разлика од европските, „Виножито“ немаше свои кандидати за локалните и регионалните избори.