Партијата на Македонците во Грција „Виножито“  ќе учествува на изборите за Европскиот парламент

Партија на Македонците во Грција “Виножито” ќе учествува на изборите за Европскиот парламент, кои ќе се одржат на 26 мај. Европските избори во земјите-членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Велика Британија, изборите ќе се спроведат меѓу 23 и 26 мај.

Партијата на Македонците во Грција, која е дел од групата Слободна алијанса го помина филтерот на Врховниот суд  и таа ќе биде една од 40. партии кои ги исполнија условите за европските избори.

Партискиот спектар е многу различен, од традиционалните десничари Нова демократија, левичарите како Сириза, но и фашистичката Златна зора, марксисти-ленинисти, Бела христијанска Европа се партиите кои го поминаа филтерот.

Партија на Македонците во Грција “Виножито” е 31 партија на списокот. Виножито и претходно учествувала на европски избори, но секогаш имала опструкции во кампањата.

 

Advertisement