Партијата Наша Иницијатива ги осудува манипулациите на Софија за Македонците и Бошњаците на Косово како Бугари

Партијата Наша Иницијатива на Косово изразува загриженост по повод ненадејната посета на потпретседателката на Република Бугарија Илијана Јотова на 18 февруари 2023 година и вестите во Бугарија за нејзината посета на Косово.

Партијата Наша Иницијатива ја отфрла изјавата на потпретседателката на Република Бугарија Илијана Јотова дека, на Косово живеат околу 15.000 Бугари, мислејќи на Македонците во областа Гора и Призренска Жупа.

Партијата Наша Иницијатива смета дека на овој начин Бугарија ја злоупотребува својата положба и членството во Европската Унија вршејќи грубо мешање во внатрешните работи на Косово.

Партијата Наша Иницијатива ги осудува манипулациите на Софија за Македонците и Бошњаците на Косово како Бугари!

Партијата Наша Иницијатива потсетува дека на пописот на населението во 2011 година, Бугари во овие две општини Драгаш и Призрен воопшто нема или се на ниво на статистичка грешка!

Партијата Наша Иницијатива не го спори правото на Македонците и Бошњаците да се школуваат во Бугарија, но смета дека тоа не може, не смее и не треба да биде условено со асимилација!

Партијата Наша Иницијатива потврдува дека, Македонците и Бошњаците се уставно признати од страна на Косово, и поради тоа најостро се отфрла таканаречената “бугаризација“ на Македонците и Бошњаците во општините Призрен и Драгаш на Косово!

Партијата Наша Иницијатива потсетува дека 2023 година е година на попис на населението на Косово, а обидите на Софија да создаде Бугари се со цел да ги залаже, да ги доведе до заблуда и да ги изманипулира и на Македонците и на Бошњаците на Косово!

Партијата Наша Иницијатива декларира дека Македонците и Бошњаците на Косово не се Бугари, ниту биле, ниту кога и да е ќе бидат!

Партијата Наша Иницијатива ги повикува сите Македонци и Бошњаци на Косово да се спротистават на обидите на Софија за нивна бугаризација, секој има обврска да ги информира останатите на кои овие бугарски манипулации се’ уште не им се јасни!

Студирање и соработка – ДА! Асимилација – НЕ!

Стоп на асимилацијата и бугаризацијата на Косово, биди тоа што отсекогаш си бил!

Advertisement