Патот Рестелица – Стрезимир кон Македонија доби средства за асфалтрирање на крајната делница

Во областа Гора на Косово распослани се 18 села, населени со Македонци со муслиманска вероисповед. Во областа Гора, меѓу другите, се наоѓаат селата Рестелица и Стрезимир чие патно поврзување со границата кон Македонија со години стои недовршено. Тоа треба да се надмине во најкус можен рок. Денес, на 9.03. 2023 година, во просториите на Министерството за инфраструктура на Република Албанија, заменик министерот Хисен Дурмиша потпиша меморандум за кофинансирање за асфалтирање на преостанатиот дел од патот Рестелица – Стрезимир граница со Македонија. Вредноста на проектот е 210.000 евра, каде општина Драгаш ќе учествува со 10.000 евра. На потпишувањето присуствуваат директорот за урбанизам и раководителот на Управата на заедницата. Преку овој премин, кој се наоѓа на планината Кораб, на тромеѓето меѓу Македонија, Албанија и Косово, можат да минуваат само жителите од пограниниот појас од 25 километри и тоа со посебни дозволи.

Advertisement