Опозицијата повторно одржа протест пред општина Тирана, каде бара оставка од градоначалникот Ерион Велиај, по приведувањето на неколку функционери од општината инволвирани во корупција поврзани со случајот „5Д“, пренесуваат албанските медиуми.
Протестот ескалираше, каде што демонстрантите се судрија со полицијата, а дел од нив дури и фрлаа молотови коктели кон општината.
Пратениците од опозицијата Албана Вокши, Фламур Нока, Клевис Балиу, Лучијано Бочи итн. беа присутни на протестот, додека демонстрантите бараа прекин на кражбите во оваа институција.
Advertisement