Победа против Европскиот првак Италија најголема за Македонската А репрезентација во историјата

Македонија оствари историска победа против Италија, актуелниот првак на Европа, во третото меѓусебно соочување откако славеше со 1:0 во Палермо во полуфиналето од баражот за пласман во Катар. Италија доминираше, но не ги искористи своите шанси, а тоа го казни Александар Трајковски во 92 минута. Во финалето од баражот за СП, Македонија ќе игра со Португалија во Порто во вторник, откако португалците вечерва славеше против Турција со 3:1.

Advertisement