Почесниот претседател на Омо “Илинден”-Пирин, Стојан Георгиев објави книга за Македонците во Пиринска Македонија

 

Втора книга на почесниот претседател на Омо “Илинден”-Пирин, Стојан Георгиев, е македонски национален деец од Пиринскиот дел на Македонија, борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија кој помина 8 години по бугарските зандани. Со оваа книга се отвораат сознанија за Макединците во Пиринска Македонија и за партијата на Македонците во Бугарија Омо “Илинден”-Пирин.

Стојан Георгиев  е роден на 18 март 1938 година во градот Петрич, Пиринска Македонија. Уште како ученик на 18-годишна возраст доаѓа во судир со бугарската власт поради неговиот јавно искажан став за постоење на Македонците како посебен народ од Бугарите и членство во илегалната македонска организација Илинден. Покрај бројните полициски испитувања и малтретирања од секаков вид, има одлежано две затворски казни од по четири години.

По паѓањето на комунизмот во Бугарија, избран е за прв претседател на Омо “Илинден”-Пирин наспроти сите закани и притисоци во Бугарија, учествува на разни меѓународни средби на кои го брани правото на Македонците во Пиринска Македонија да се стекнат со своите национални права.

 

Advertisement