Почина големиот македонски патриот Спасе Мазенковски (1953-2018)

Денеска, во шеесет и петтата година од животот во с.Леска, Мала Преспа почина Спасе Мазенковски, големиот македонски патриот, писател, новинар и публицист и еден од најголемите поборци за правата на Македонците во Албанија, кој целиот свој живот живееше и твореше во селото Леска, Мала Преспа. Спасе Мазенковски роден е во 1953 година во селото Леска, Мала Преспа. Основач и претседател на организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија “Друштво Преспа”, основач и Главен уредник на весникот “Преспа”, основач на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција и учесник во сите активности на Македонците во Албанија од 1990 година.

Спасе Мазенковски на македонски јазик има објавено неколку поетски збирки, книги, разкази и репотажи “Преспа моја”, “Разбојна китка”, “Торбулетот на татко ми”, “Преспанска убавица”, “Лабид и Преспана”, “Рѓосани бисери”, “Историја на македонскиот народ во Албанија”. На албански јазик ја има објавено книгата “Историја на македонскиот народ”. Беше член на друштвото на писатели на Македонија и на друштвото на писатели “Новиот свет” во Албанија. Погребот ќе биди денеска во 13.00 часот на селските гробишта во с.Леска, Мала Преспа. Од се срце му се заблагодаруваме на Спасе Мазенковски за неговиот придонес во борбата за остварување на правата на Македонците во Албанија и зачувување на македонскиот национален идентитет. Вечен му помен.

Advertisement