Почина Сабит Брокај, поранешен албански министер за здравство и за одбрана 

На 78-годишна возраст ненадејно почина Сабит Брокај, познат албански универзитетски професор, поранешен министер за здравство и за одбрана и една од клучните личности во Социјалистичката партија.

Роден е на 7 јануари 1942 година во Валона а од 1959 до 1964 година, служел како медицински помошник на подморница. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Тирана во 1969 по што профолжил да служи во албанската армија се до 1972 година, кога се вработил како кардиолот во Воената болница Тирана. Кардиологија и ехокардологија специјализирал во Франција. Брокај бил еден од личните лекари на Енвер Хоџа.

Во политиката влегол по падот на комунизмот како член на Социјалистичката партија. Министер за здравство беше од февруари до декември 1991 година. Тој беше избран за пратеник во Народното собрание во 1991, 1996 и 1997 година. На 25 јули 1997 година, Брокај беше назначен за министер за одбрана, позиција што ја извршуваше до 1999 година.