Почина Зоран Џорлев, еден од најдобрите македонски виолинисти

Почина Зоран Џорлев еден од најдобрите македонски виолинисти, вокален изведувач и професор. Џорлев се лекувал од ковид 19 на Инфективната клиника. Тој беше познат по многубројните обработки и изведби на македонски народни и забавни песни, обработки на филмски, џез и етно теми. Роден е во Струмица на 10 јануари 1967 година, каде го поминал детството. Неговиот татко Наско Џорлев бил познат композитор на народна музика и водач на оркестар.

Кога бил првооделенец, со семејството се преселил во Скопје. Виолината ја изучува во основното и средно музичко образование во ДМБУЦ Илија Николовски-Луј Скопје. Во 1990 дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност. Работел како професор по виолина, и бил директор на ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ во Скопје. Во јануари 2011 бил назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде останал до август 2017 година.

Advertisement