Почна историската средба меѓу Путин и Бајден (ВИДЕО)

Денеска во Женева, Швајцарија, се одржува самитот помеѓу претседателите на Соединетите американски држави и Русија, Џо Бајден и Владимир Путин. На самитот, кој е последниот во турнејата на Џо Бајден во Европа, ќе се дискутираат клучни прашања во билатералните односи помеѓу двете земји. Путин и Бајден последен пат се видоа пред 10 години, кога тој служеше како потпретседател во администрацијата на Барак Обама.

Advertisement