Почнува 22. Форум за земјоделска политика за Западен Балкан во Тирана

Оваа година, на настанот присуствуваа повеќе од 140 претставници на релевантни институции од 12 земји од Западен Балкан и пошироко на 19ти и 20ти октомври во Тирана, Албанија. Фокусот на APF 2022 беше на надминување на влијанието на глобалните предизвици врз регионот на Западен Балкан преку дизајнирање соодветни политики. Форумот за земјоделска политика 2022 се одржа под заедничко покровителство на Министерството за земјоделство и рурален развој на Албанија и Постојаната Работна Група за Регионален Рурален Развој (SWG) во Југоисточна Европа.

Поддршката овозможена од институциите и организациите како што се: Европската комисија (Генералниот Директорат за земјоделство и рурален развој), Германската влада (Федералното Министерство за храна и земјоделство – BMEL, Федералното Министерство за економска соработка и развој – BMZ и Германска агенција за меѓународна соработка (GIZ) и Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации (FAO), е високо ценета од страна на учесниците на Форумот за земјоделска политика 2022 (APF).

На Форумот беа сумирани резултатите и препораките од четирите работни групи посветени на регионалната соработка за правна хармонизација во винскиот сектор, одржливо управување со шумите во Западен Балкан, земјоделска наука и иновациски системи во Западен Балкан (AKIS) и улогата на младите во руралниот развој. Форумот високо ги цени напорите на ЕУ и земјите/териториите од Западен Балкан да го забрзаат процесот на пристапување во ЕУ на регионот. Ги охрабрува владите во Западен Балкан и особено министерствата за земјоделство да ги преземат сите неопходни активности за да одговорат на предизвиците на патот. Додека се фокусираат на непосредните прашања (безбедност на храна, зголемени цени на земјоделските инпути како резултат на високата цена на енергија), земјите/териториите се повикани да останат на вистинскиот пат со спроведувањето на Зелената агенда за Западен Балкан (ЗАЗБ).

Advertisement