Поетесата Сања Атанасовска ја освои книжевната награда „Караманов“

Поетесата Сања Атанасовска од Куманово ја освои книжевната награда „Караманов“ со својот ракопис „Стаклена градина“ на 44-те по ред „Караманови средби“ кои се одржуваат во Радовиш во чест на поетот Ацо Караманов. Наградата викендов беше доделена во Радовиш. Збирката содржи 54 песни, а поетесата пишува на  теми кои го окупираат секој млад човек.

Aтанасовска по професија е новинар. Во 2015 година ја издава збирката поезија „Писмото на десетте прсти“ која е добитник на наградата Лесновски ѕвона. Во 2017 година со помош на Фондација Македоника ја објавува електронската збирка поезија „Тапија од животот“.  Aтанасовска поезија објавува на повеќе странски сајтови.

Advertisement