Поезијата како дуохвен азил

Билјана З.Билјновска од Скопје, Република Македонија е професионален (фриленс) незиавсиен превоедувач, новинар, писателка, есеистичар, поетеса. Поголемиот дел од школувањето го следела на српскохрватски јазик во Белград, каде завршила осмогодишно и средно училиште и дел од факултеското образование. Дипломирала на Државниот универзитет “Свети Кирил и Методиј“, на филолошкиот факултет во Скопје, на групата Романска филологија каде ги изучувала францускиот и италијанскиот јазик,литература и култура. Во неколку наврати престојувала во странство (во Италија) каде специјализирала на Високата Школа за тумачи и преведувачи во Милано. Со пишување и творење се бави уште од најраната младост каде потребата да се изразува преку стихотворењето останував нејзина најголема љубов и постојан предизвик. Живее и работи во Скопје,  Македонија.

ЈАС БИ…

Јас би со убав  говор

целиот свет да го задојам,

со топол збор

срцата да им ги разгалам,

за да може сѐ

со поинакви текови да потече

и на сите радости да им донесе.

Јас би со топол поглед

децата од целиот свет да ги пригрлам

како да се наши родени,

да не почуствуваат разлика

меѓу туѓинци и свои.

Јас би говорела

пред сите народи на светот

само за Мир,

разбирање и жедба

сите еднакво да се бориме,

за да биде Мирот

единствениот наш лого

и цел возвишена.

Јас би, но не ми се дава,

моќните сакаат со оружје да парадираат,

својата сила пред секого

да ја испробаат.

Јас би ги замолчала,

но погласни се,

поради парите

со кои светот го вртат

само како ним им одговара.

Јас би направила многу за луѓето

но единствено што можам

е со збор да ги оплеменам

и да исчекувам, да го следам

духовниот раст на родот наш

човечки – единствен!

CARPE DIEM

Ги затворив портите пред пустата ноќ

кога сништа необични ме мачат

и ме држат будна

па рано в‘ зори

посакувам

да полетам, денот да го зграпчам

да го зајаздам

повторно со сонцето да се избањам

со птичјиот пој да се задојам

и така вооружена

низ светот да тргнам

со него да се облечам.

И така секое утро како по  заповед тајна

повторувам, себе си зборам

ЗГРАПЧИ ГО ДЕНОТ

да не ми го украдат

и овој сон

со кој живеам

се будам и умемам

во смирувачки сон да се нурнам.

CARPE DIEM!

СЛОБОДАТА МИРИСА

ДАЛИ ЗНАЕШ

КАКО МИРИСА СЛОБОДАТА?,

Не прашувам туку велам –

Кога ќе го почуствувам мирисот

На тукушто испечениот леб,

Кога ќе ја осетам свежината

На изворската вода,

Кога наутро рано

Пред самите мугри

Ќе ме разубди пој на птици

Од блиската слива,

Кога ќе залаат пците

Што ги водат во утринска прошетка,

Кога мачињата ќе дотрчаат

доручекот да си го земат,

Кога од далечина ќе стигне

Ѕвонот од  црковните камбани,

Најавувајќи ги уртинските

молтиви.

Ете, сето тоа мене ми го носи

Мирисот на Слободата.

СЛОБОДАТА што без граници

се шири

од моето тајно катче

до целиот свет.

Advertisement