Поглаварот на Албанската православна афтокефална црква Јанулатос по 25 години доби албанско државјанство

Поглаварот на Албанската православна афтокефална црква, Анастас Јанулатос, по 25 години конечно доби албанско државјанство. Указот за државјанството го потпиша шефот на државата Илир Мета. Веста ја соопшти портпаролот Теди Блуши но истата ја потврди и Мета на својот профил на фејсбук. Драги прјатели, на Бадник,воочи Божик, со задоволство ја објавувам мојата одлука да му дадам албанско државјанство на Архиепископот за Тирана, Драч и цела Албанија, неговата висост, Анастас Јанулатос.

Во изминатите 25 години тој прдонесе не само за канонско и духовно воскреснување на Албанската православна афтокефална црква,образованието на младите генерации албански свештеници туку и за меѓународната афирмација и прзнавање на АПАЦ насекаде во светот,- оценува меѓу другото Мета. Тој ја посочува добрата сорабтка на Јанулатос со челниците на другите верски заедници во негувањето на верската хармонија,толеранција и соживот што е „нациоално богаство на албанскиот народ“.

Јанулатос во Албанија прстигна во 1992 година,кога стана поглавар на албанската црква. Поради тоа што тој е Грк и не го познаваше албанскиот јазик често се спротивставуваа албанските великостојници. Веднаш по доаѓањето тој побара албанско државјанство.Но тоа не му го доделија досегашните претседатели, Сали Бериша, Реџеп Мејдани, Алфред Мосиу, Бамир Топи и Бујар Нишани. Анастас Јанулатос е роден на 4 ноември 1929 година во Пиреја,Грција. Дел од албанските историчари тврдат дека потекнува од албанско семејство.

Advertisement