Поглаварот на МПЦ-ОА архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во посета на црквата на МПЦ во Загреб

 

Поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во канонска посета на Европската епархија и ја посетил градбата на црквата на МПЦ-ОА Света Злата Мегленска во Загреб. Заедно со него биле и загребачкиот градоначалник Милан Бандиќ и хрватскиот кардинал Јосип Божаниќ. Веста е објавена на официјалниот сајт на градот Загреб. Во придружба на Поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и загребачкиот надбискуп и хрватски Кардинал Јосип Бижаниќ, градоначалникот Милан Бандиќ, утринава направи обиколка на градилиштето од пастроалниот центар  на Македонската православна црква Света Злата Мегленска. По обиколката, Неговото Блаженство г.г Стефан изрази задоволство што денеска е сведок дека во Загреб православните Македонци се срдечно примени. Овој храм во Загреб е птврда на пријателството меѓу двете држави, двата народа и двете цркви и благодарам на сите кои допринесоа за изградбата на ова големо дело, додаде Архиепископот, пишува во текстот објавен на сајтот на Градот Загреб.

Ни причинува задоволство да биделе во Божји храм во кој ќе се собираат православните Македонци, а тоа зборува дека Загреб е отворен за сите кои во него доаѓаат и им овозможува на верниците да ја исповедаат својата вера. Во Загреб, освен православните Македонци, се собираат и верници од Романската православна црква и тоа во црквите кои им ги даде Загребачката надбискупија, изјавил Кардиналот Божаниќ. Загребачкиот градоначалник пак искажал почит кон двајцата духовници и потенцира дека неговиот најголем проект е што Загреб е навистина мултиетнички, мултиконфесионален и мултикултурен град. Во текстот има потсетување дека Архиепископот Стефан во 2016 година во Скопје на градоначалникот Бандиќ му доделил највисоко одликување на МПЦ-ОА, Орден на Свети Климент Охридски./www.religija.mk

Advertisement