Поголем дел од Општина Драгаш повеќе од 24 часа без струја

Снежно невреме проследено со повремен дожд и силен ветер предизвика многу дефекти во електричната мрежа. Искршени се голем број бандери-столбови, а оборени се и многу дрва во близина на далекуводот, кои што ги прекинаа каблите на електричната мрежа. Од недела во 8 часот наутро, поголемиот дел од областа Гора во општина Драгаш е без електрична енергија.

Екипите на КЕДС кои работеа цел ден на санирање на многу дефекти, синоќа околу 11 часот успеаа да воспостават редовно снабдување само кон некои делови од општината. Сепак, поголемиот дел од општината сè уште нема електрична енергија, а според надлежните, тешко дека дефектите ќе бидат санирани денес. Ледениот дожд ги покри дрвјата, па ветерот многу лесно ги уништи дрвјата кои беа оковани од мраз. Вчера движењето во повеќето насоки беше ризично заради ледениот дожд.

Општинските екипи кои ги одржуваат патиштата навреме го чистеа патот, но после тоа започна да врне, што беше проследено со ветер, па движењето по патиштата беше многу ризично. Денес има многу сообраќај на патиштата, но поради обилните врнежи од дожд има излив на потоците, така што има многу вода во повеќе насоки каде има потоци.

Во областа Гора на Косово, во падините на Шар Планина распослани се 18 села населени со Македонци познати под името Горанци.

Advertisement