Положбата на Македонско-Горанската заедница во Косово

Областа Гора е регион поделен меѓу политичките граници на Албанија, Македонија и Косово.

Во областа Гора живеат околу 40.000 етнички Македонци и тоа во 20 села на Косово: Рестелица, Глобочица, Крушево, Зли Поток, Брод, Бачка, Млике, Враништа, Орчуша, Мал Крстец, Голем Крстец, Диканце, Љубоиште, Лештане, Горна Радеша, Долна Радеша, Кукаљане, Горна Рапча, Долна Рапча (со општински центар во Драгаш),  9 села во Албанија: Шиштеец, Орешек, Цернелево, Борје, Оргоста, Запод, Кошаришта, Пакишa и Очикле (со општински центар во градот Кукс) и 2 села во Македонија: Урвич и Јеловјане,. Областа Гора е регион природно богат со води и пасишта, но недоволно економски развиен и неискористен.

Во 1990 година во Гора живееле околу 16.000 Горани, но со војната на Косово иселени се околу 4.000 Македонци и нивниот број денес изнесува околу 12.000. Во периодот од 1945 до 1990 година од Гора се иселени трипати повеќе Горани отколку што денес живеат на Косово, најчесто како печалбари, скоро на сите меридијани на светот. До 1990 година наставата во основните училишта на Гора се изведувала на српски јазик, но домицилните наставници наставата ја изведуваат и на горански јазик (дијалект на македонскиот јазик).

Етнички Македонци со исламска вероисповед живеат и во областа Призренска Жупа на Косово.

Привремена цивилна административна мисија на Обединетите нации на Косово (УНМИК) овие лица ги именува во графа “Словени муслимани“. Во Преизренска Жупа денес живеат околу 35.000 Македонци во следните места: Локвица, Јабланица, Грнчаре, Небрегоште, Горна Љубиња, Речане (мешана населба со Македонци, Албанци и Срби), Плањане, Љубижда, Манастирица, Скоробиште (мешана населба со Македонци и Албанци), Горно Село и Мушниково (каде процесот на албанизација е речиси завршен). Наставата во овие села до 1999 се изведувала на српски јазик, а од 1999 година населението се конвертира со барање за настава на децата на бошњачки и албански јазик од познати причини.

Во три села од нив, населението целосно конвертира со барање за настава на своите деца на албански јазик, бидејќи нивните села се целосно опкружени со Албанци. Само во Призрен има околу 10.000 Македонци од областа Гора и Призренска Жупа. Во Ораховец живеат околу 1.200 Македонци, во Исток околу 1.000, во Пеќ помеѓу 1.500-1.700, во Витомирица околу 2.500, во Приштина помеѓу 1.600-1.800 (пред војната во Приштина живееле 3.500-4.000), во Косовска Митровица околу 1.750 Македонци, во Гнилање живеат околу 100, и во Косовска Митровица 120 Горански Македонци.

Јазик

Горанскиот јазик, Гораните го викаат по наше„ (што значи наш), спаѓа во групата на западни дијалекти на македонскиот јазик (северно-западниот дел на Македонија) и се разликува од другите словенски дијалекти што се зборуваат на Косово: српскиот, хрватскиот и бошњачкиот. Горанскиот е најблизок до тетовскиот дијалект во кој има присуство на турцизми. Во Косово и Македонија, дијалектот се пишува на кирилица, а во Албанија на латиница.

Политичка застапеност

Во општина Драгаш, само двајца (2) членови на Горанската заедница се избрани во Општинското собрание, додека сите останати заедници се широко претставени во општинските комисии за заедниците и општинските канцеларии за заедниците, но во ниту една општина со овие институции не претседаваат членовите на македонско-горанската заедница.

Освен тоа, во областите каде што заедниците опфаќаат повеќе од 10% од општинското население, општите интереси на заедниците се исто така застапени во општинското собрание преку заменик-претседател за заедници или заменик градоначалник на заедниците, но дури и во овој случај, нема позиција во општините за член на Горанската заедница.

Лого на Општина Драгаш

Eкономија

Информациите за вработување на членовите на Горанската заедница се доста ограничени, но бројките за општините Драгаш и Митровица покажуваат дека стапката на невработеност е запрепастувачки висока, односно 90% – 95%. Главните проблеми со кои се соочуваат заедниците во соодветните општини се: недостаток на квалификации, недостаток на информации за можностите за вработување, јазични проблеми и недостаток на развој на индустријата, и тешката состојба на економијата во целина.

Образование

Се проценува дека околу 70% од учениците на Македонската-Горанска заедница го посетуваат образованието во општинскиот образовен систем на албански јазик, а не на македонски јазик.

Пристап до здравствена заштита

Членовите на Горанската заедица не пријавиле никакви проблеми, пропусти или недостатоци во врска со пристапот до здравствените услуги.

Advertisement