Попишувањето на државјаните на Македонија кои се наоѓаат во странство ќе трае до 21 април 2021 година

Бројката на попишани секојдневно расте. Заклучно со денешниот ден околу 69000  луѓе од дијаспората се попишале преку онлајн апликацијата. Според искуството на иселениците, потребни се само 10 минути преку едноставната апликација да се попишат и со тоа да придонесат за подобра иднина на земјава.

Сакаме да ги охрабриме иселениците, доколку се соочат со прашање или проблем, нека ни се обратат на следнава електронска пошта: popis2021@stat.gov.mk да ги советуваме и заеднички да ја надминеме пречката во случај да ја има. Затоа и апелираме да не се објавуваат непроверени информации поврзани со попишувањето. Нашите екипи будно го следат целиот процес и стојат на располагање за сите дилеми на дијаспората и медиумите.

Уште еднаш ги охрабруваме сите оние кои живеат надвор од земјава да го остварат своето граѓанско право и заеднички да придонесеме кон успешен Попис. Самопопишувањето на дијаспората трае до 21 април!