Поради пандемијата со коронавирусот откажана прославата за Илинден во Овчарани

Поради пандемијата со коронавирусот и ризикот по здравјето и животите на месното население и бројните гости, а имајќи предвид дека за прекршување на протоколите се предвидени високи казни за организаторите, управниот одбор на Културно-уметничкото друштво во Овчарани ја откажа годинашната традиционална селска слава за Свети Илија – Илинден претходно закажана на 19 и 20 јули. Панаѓурот во Овчарани годинава ќе се одбележи во помал број и во приватна режија. Традиционалната илинденска прослава во Овчарани секоја година собира неколку илјади Македонци од Грција, Македонија, Албанија, Бугарија и светот.

Advertisement