Tag Archives: егејска македонија

Македонците во Грција: Сега на панаѓурите и веселбите нема да слушнеш ништо друго освен македонски песни и ора

Македонците во Грција, видливо ослободени и поттикнати од позитивните промени во Грција во однос на малцинските прашања, повеќе години наназад се насочени кон охрабрување и поттикнување на активности за негувањето на духовното и фолклорното наследство меѓу новите, помлади генерации, пишува „Рацин.мк“ во третиот дел од серијалот „Три дена во Лерин и Мала Преспа“. Сега е променето. Сега на панаѓурите и веселбите што ...

Read More »

Во Грција организација од Лерин почнува со бесплатни онлајн курсеви по македонски јазик

Центарот за македонски јазик во Грција е новоформирана невладина организација која се обидува да го заштити и промовира македонскиот јазик во Грција. Од денеска Центарот почнува со бесплатни онлајн курсеви по македонски јазик за почетници. Курсот е наменет за граѓаните на Грција кои имаат малку или немаат воопшто познавање на стандардниот македонски јазик, за сите возрасни групи. Сите лекции се достапни во ...

Read More »

Историско сослужение во Солун на епископ Антаниски г. Партениј и архимандрит г. Амвросиј

Историско сослужение се случи во Солун вчера во црквата посветена на мајка Богородица, од страна на епископ Антаниски г. Партениј и архимандрит г. Амвросиј. Токму таа, пречистата, брзопослушна Мајка наша, Богородица, ни приготви обилна гозба на духовно веселие и спокој, во својот сечесен храм Панагуда, во осветениот од Божји угодници град Солун. Со своето нежно и моќно молитвено застапништво, Таа, ...

Read More »

Македонци од Егејска Македонија кои се бореле во редовите на ДАГ (Демократска армија на Грција) во Потсдам во 1949 се обраќаат на македонски јазик (ВИДЕО)

  Македонскиот активист во Грција Стилијанос Самартцис (Стиљан Самарџиев) објавува досега малку познато видео од делегацијата на Демократската Армија на Грција во Потсдам, Германија снимено на собир на комунисти од повеќе европски држави. Видеото е снимено во 1949 година. Во него зборуваат претставниците на ДАГ Костас Маxеридис и Викторија Зајку (Зајкова). Зајкова зборува на македонски јазик со превод на германски ...

Read More »

Нако Грозданов (20 јули 1881, Врбник, Егејска Македонија денес во Албанија – 25 април 1969, Торонто, Канада) македонски револуционер, деец на ВМОРО

Грозданов во 1900 година заминал за Мала Азија, и таму бил се до Илинденското востание поради кое се вратил за да земе учество. Во востанието бил војвода на врбничката чета. Учествувал во битките кај, Билишта и Апоскеп, под раководството на неговиот братучед Пандо Кљашев, Иван Попов и Стерјо Стерјовски. Неговата мајка е страшно убиена (пресечена) од турците за време на ...

Read More »

Македонска песна ечи на најпрометната улица во Солун (ВИДЕО)

Празнична честитка од Солун, на најпрометна улица, во најубавите денови од годината, на најубав начин се свири песната за најголемиот Апостол Петков Терзиев – Војводата Ениџевардарско Сонце.. “Македонскиот Робин Худ” (според Алберт Сониксен), кој беше “некрунисаниот крал на вардарските мочуришта” (Фредерик Ковач), а за кого Грците велеа дека е “невидливиот демон” (Пенелопе Делта)… Ова е културна победа среде Солун.. Песната ...

Read More »

Света гора затворена за посетители и верници

Администрацијата на Света гора, Егејска Македонија одлучи до крајот на месецот да ја затвори монашката манастирска заедница  за сите аџии во обид да ги заштити монасите од коронавирусот. Во соопштението до игумените на 20 манастири се наведува дека само одреден број вработени и соработници имаат дозвола да доаѓаат на Света гора, и тоа само со покана. Забраната за посетители ќе остане ...

Read More »

Солун и Серес во целосен двонеделен карантин

Во Солун и Серес, Егејска Македонија од утре наутро се воведува целосен карантин, со дозволено движење за граѓаните само со испратена смс порака, полициски час од 21 до пет часот наутро, забрана за меѓународни и домашни летови, а единствено отворени ќе бидат само училиштата, јави дописничката на МИА од Атина. Новите мерки ќе бидат во сила следните две седмици, а ...

Read More »