Постигнат договор меѓу Москва – Киев ќе има и трета рунда преговори

Киев и Москва не постигнаа клучен напредок во вториот круг од преговорите, но се договорија за трета рунда преговори, за кои беше речено дека ќе се одржат што е можно поскоро.

Украина и Русија се договорија да обезбедат хуманитарни коридори за евакуација на граѓаните, испорака на храна и лекови, изјави советникот на шефот на кабинетот на Зеленски, Михаил Подољак.

Втората рунда преговори заврши. За жал, го немаме резултатот што го посакувавме. Успеавме да се договориме за хуманитарен коридор – објави украинскиот преговарач.

Тој рече и дека Киев не постигнал резултати во текот на преговорите на кои сметала украинската страна. Додаде дека Украина и Русија разговарале за прекин на огнот и евакуацијата на граѓаните.

Advertisement