Потомците на Александар Македонски признати во Пакистан како посебна верска и етничка група

Калашите, кои тврдат дека се потомци на војниците на Александар Македонски, со векови живееле во изолација во Пакистан. Сега ова мала заедница коначно е призната како посебно верска и етничка група. Тие сега ќе можат да се изјаснуваат како Калаши на првиот попис во Пакистан што се одржува по 20 години Калашите  се мала етничка група која живеат на планинските области на Хиндукуш, на границата меѓу Авганистан и Пакистан. Нивната земја се нарекува Кафиристан (земја на неверниците) бидејќи тие со векови упорно одбиваат да го прифатат исламот.  Кон крај на 19 век дел од нив се присилно ислиманизирани, но, над половина население сеуште јавно ги спроведува старите индо-ариевски култови. Со векови, членови на античкото племе Калаши, кои живеат во далечните планински предели во северозападен на Пакистан, беа заштитени и заборавени од надворешниот свет. Оваа заедница кој уште ја именуваат и како Румбор, Бумборет и Бирир, ја населуваат долината Калаш поделена на три помали долини Рукму, Мумурет и Бири по течението на реките Алингар, Печ, Ланда Син и Кунар. Тие се групирани во повеќе села Дрош, Свер, Калкатак, Беор, Ашурат, Јинират.

Физичкиот изглед на Калашите ја прави оваа етничка група уникатна, единствена и несвојствена за целиот овој поширок регион.  Тие имаат посветол тен на кожата, плави очи и светла плава коса. Тие ги спроведуваат старите пагански верувања, ритуали и богови, а јазикот наречен Khalasha е различен од оние кои се говорат во околината. Тие имаат богата култура и традиција, а еповите, љубовните песни демонстрираат во голема мера автентична мудрост и човечко искуство. Калашите се сметаат себеси за директни потомци на војниците на Александар Македонски, кои пред повеќе од 2.300 години поминале низ регионот. Тие го викаат Александар Маќедон од Маќедонија, кој во својот поход кон Индија во 327 година пр.н.е. дошол во Кафаристан и на стратешките места основал населби и војнички стражарници во кој оставил дел од своите трупи. Пред заминувањето Александар оставил аманет на своите војници да ја чуваат територијата до неговото повторно враќање од Далечниот исток и притоа да не ја менуваат својата вера, традиција и култира.

Калашката заедница, која денес брои околу 4.000 луѓе, имаше можност во текот на 22 вековната изолираност да го сочуваат својот посебен јазик, вера и начин на живеење. Меѓутоа, Пакистанската влада долго време им го  негираше правото на Калашите да бидат признати како посебна етничка заедница. Односот на Пакистан се смени во април годинава кога регионалниот суд во градот Пешавар и официјално ја призна оваа заедница како посебна етничка и верска група. Тие сега ќе можат да се изјаснуваат како Калаши на првиот попис во Пакистан што се одржува по 20 години. Вазир Зада (32 години) е човекот кој со години се борел да го оствари својот сон и сонот на заедницата да бидат признати како посебен идентитет. Тој стои зад петицијата за признавање на Калашите.

Како што ќе изјави Зада „веста се проширила низ селата како оган и луѓето се многу среќни. Дури и муслиманските соседи се среќни.“ Тие велат „нашите браќа сега добија идентитет“, додава Заба, наведувајќи притоа дека сега ќе ги добијат сите права и обврски како што ги имаат другите заедници во Пакистан. Половината од Калашите кои не наликуваат на ниту една друга заедница во Пакистан. практикуваат форма на антички Хиндуизам со влијание на пагански верувања. Тие прославуваат верски празници со музика, игри и алкохол кои сами го произведуваат. Нивните ритуали вклучуваат мажени жени да бегаат за други мажи, како и момчињата да имаат сексуален однос со која било жена што ќе ја изберат кога ќе достигнат пубертет. Други ритуали вклучуваат жртвување десетици кози./www.rferl.org/a/28439107.html

Advertisement