Повеќејазичната табла ќе бидe поставена на зградата од Комитетот за национални малцинства во Тирана (ФОТО)

Македонско друштво “Илинден“-Тирана на 31. 01. 2023 година испрати барање бр. 953/2023 при Комитетот за национални малцинства за поставување на повеќејазичната табла во Комитетот за национални малцинства.

На 10.02.2023 година од Комитетот за национални малцинства беше испратен одговор на барањето со бр. 38 во кое пишува дека ќе биде земено предвид барањето. Но, помина повеќе од една година, а таблата не беше поставена.

Поради тоа, Македонско друштво “Илинден“-Тирана на 25. 04. 2024 година испрати реакција со број: 1043/2024 до повеќе инситуци во Република Албанија, меѓу кои и до Народниот правобранител.

Народниот правобрнител го разгледа барањето, излезе во пресрет и се ангажираше да се постави повеќејазична табла на зградата од Комитетот за национални малцинства.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана изрзува голема благодарност до Народниот правобранител и вработените во таа институција за нивното ангажирање и конечно повеќејазичната табла да биде поставена во Комитетот за национални малцинства.-стои во соопштението потпишано од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај.

Претходно по барање на Македонското друштво “Илинден“-Тирана повеќејазични табли поставија Комесарот за заштита од дискриминација и Народниот правобранител.

Advertisement