Повторно паднаа цените на нафтата

 

Производството на нафта во САД повторно се приближи до рекордно ниво поради проектот на експлоатација на нафта од јагледни шкрилци. Американското производство на нафта се зголеми за 850 000 барели дневно на 9,3 милиони барели дневно во однос на минималното производство од 2016 година, што, како што оценуваат агенциите, е близу до рекордно производство од 2015 година.

Американските произведувачи станаа селективни при изборот на бунари на кои ќе работат, а трошоците на експлоатација на нафта од јаглени шкрилци се намалени за повеќе од една третина во последните две години, порачуваат аналитичарите.

Цените на нафта оваа недела пораснале откако Саудиска Арабија и Русија наговестија дека ќе го продолжат договорот за ограниќување на производството, што ги зголеми надежите дека ОПЕК на заеданието на 25 мај ќе се согласи на продолжување на постоечкиот договор.

Со нафтата моментално се тргува по цени кои се движат помеѓу 45 и 55 долари за барел, што е значајно повеќе во однос на 26 долари по барел од февруари 2016 година

Advertisement