Поздрав од Македонците во Албанија, Косово и Македонија до бугарските фалсификатори

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ја следи состојбата со бугарската политика во Република Албанија и пошироко. Нашиот заклучок дека долги години во Република Албанија, Република Македонија и Република Косово од страна на Република Бугарија се врши невиден атак за асимилација на Македонците и нивното бугаризирање, сè уште е актуелен. Ваквата политика на бугарските власти го темелат на бројот на поднесени барања за бугарски пасош, а не на реалната состојба на теренот.

Секако, никој, па ниту ние, не го спориме фактот дека Македонци по етничка самоопределба поднесуваат барања за бугарски пасош, но исто така, неспорен е фактот дека тоа се прави од две причини. При тоа, првата причина, економската, е поткрепена со втората, а тоа е алчноста на бугарските институции за големите приходи од поднесителите на барањата. Или, добивањето на бугарски пасош стана одличен бизнис, како за бугарската држава така и за одредени хохштаплери и ништо друго.

Во овој процес за добивање на бугарски пасош, барателите потпишуваат задолжителен документ за своите „бугарски“ корени. Но, она што бугарските власти го забораваат е дека тие се грубо изиграни бидејќи нивните пасоши се користат како пасоши со кои може лесно да се замине во европските земји.

Исто така, заборавија дека нечие државјанство не значи и национално чувство. За тоа, најдобар пример се Македонците во Бугарија, кои се државјани во бугарската држава, но кои и денес не се признати како лица со македонска национална определба.

Во изминативе години во бугарската држава се случуваат политички бранувања, па и покрај неколку циклуси на избори во Бугарија не може да се формира стабилна Влада. Во секој од изборните циклуси, бугарските политичари ја засилуваат отровната реторика кон Македонија, а асимилацијата и бугаризацијата на Македонците се користат како добитна карта.

Сепак, вистината е друга, а неа ја гледаме од бројките на „илјадниците“ Бугари во Албанија, Македонија, и Косово. Според официјалната страна на Централната изборна комисија во Бугарија во Македонија вкупниот број на гласачи е цели 169 лица од кои 14 официјални лица во Амбасада, на Косово цели 4 лица во Амбасадата, а во Албанија има пријавени 176 лица од кои 6 во бугарската Амбасада.

https://www.cik.bg/bg/ns02.04.2023/registered

Од списоците кои се достапни за секој град во Република Албанија се гледа дека има етнички Албанци пријавени за гласање на најновите бугарски избори. Јасно е дека освен оние изроди од македонскиот род во околината на Корча, кои со децении се финанстираат од бугарските власти и кои се обидуваат да ги убедат Македонците дека се Бугари, сепак Македонците сред обласите Голо Брдо и Гора нема ниту еден пријавен за гласање, а истото го забележуваме и во главниот град Тирана.

Со овие податоци, дури и на бугарските власти им станува јасно колку е погувна нивната полтика и колку залудно ги финансираат изродите од македонскиот род кои со децении се нивни амали.

Република Албанија (176)

Тирана (Амбасада) (6)

Драч (43)

Елбасан (36)

Корча (46)

Кукс (45)

Република Македонија (169)

Битола (Генерален консулат) (9)

Кавадарци (42)

Прилеп (41)

Скопје (Амбасада) (15)

Струмица (22)

Тетово (40)

Република Косово (4)

Приштина (Амбасада) (4)

Advertisement